Ризница:Вики ја сака љубовта 2019
Објавен е исходот од фотографскиот натпревар „Вики ја сака љубовта 2019“. Победниците можете да ги видите на оваа страница.
Добре дојдовте на „Вики ја сака љубовта 2019“!
Вики ја сака љубовта (WLL) е меѓународен фотографски натпревар приреден од Викимедиината заедница со цел да се документираат љубовните сведоштва во разни култури и краишта во светот.
Замисла
Главната цел на натпреварот е да прибере слики од љубовни сведоштва во сето културно разнообразие како споменици, свечености, мигови од чинови на внимание и разни предмети кои симболизираат љубов, а со цел да ги илустрираме статиите на Википедија и другите проекти за Фондацијата Викимедија. Како Вики ја сака Земјата (WLE) и Вики ги сака спомениците (WLM), поднесените слики мора да одговараат на тематиката, иако WLL не се ограничува на никаков список на заштитени подрачја — љубовта никнува било каде!
Така, не се задржуваме на места (било од месно или државно значење), туку сакаме да добиеме што поразновидни љубовни сведоштва. Ова значи дека највеќето корисници ќе можат да најдат неколку соодветни предмети, било да се културнонаследни места или збиднувања од секојдневниот живот.
Времеслед
- 1–28 февруари 2019 г.
- Рок за поднесување: 28 февруари 2019 г. 23:59 ч. UTC.
- Соопштување на исходот: околу 14 април 2019 г.
Награди
- I награда: — 400 долари
- II награда: — 300 долари
- III награда: — 100 долари
- Видеа: — 100 долари
- Награда за заедницата: — 50 долари за видеа и 50 долари за слики
- 10 утешни награди: — по 15 долари
- Уверенија за победниците и приредувачите
- Разгледници со темата на натпреварот за 1000-те најплодни подигачи
- Маици и уверенија за Меѓународната екипа
(Напомена: Наградата за заедницата ќе се доделува од независната подружница/организација која има највеќе подигања. Доколку нема победник од категоријата за видеа, износот ќе му биде доделен на победникот за слики)
Победници
- Ќе има 15 победнички слики/видеа!
Каде да поставам прашање?
Главно место за поставање прашања и давање предлози е разговорната страница за WLL 2019 (Пишете на било кој јазик; сакаме разнообразност и ќе ве услужиме во секој случај).
Поподробно за натпреварот ќе најдете овде.
Делокруг на натпреварот : примери за поттик
Натпреваров е посветен на фотографии и видеоснимки со кои се документираат најразлични празници, свечености, церемонии и обреди поврзани со љубовта од различни култури и краишта. Повеќе идеи и поттици ќе најдете на списокот на празници и свечености ширум светот.
-
Обреден танц за свадба на дванаесетплеменици, САД
-
Добредојте за младоженецот („арти свагатам“) во хиндуизмот
-
Нововенчана двојка во Читануга, САД
-
Родноверна свадба во Русија
-
Венчален бакнеж на Шпанските скали во Рим
-
Венчавка во Малезија
-
Деца во карневалска поворка, Шпанија
-
Празникот Онам во Керала, Индија
-
Танц „Џигида“ во источна Нигерија
-
Народен празник во Шпанија
-
Љубовни катанци на мостот „Хејпни“ во Даблин
-
Верски обред во Варанаси, Индија
-
Избедба на маскиран танц „Куматикали“ во Трисур, Индија
-
Жени како ставаат кандила на индискиот празник на светлината Дивали
-
Танцова група на празникот Нгондо во Камерун
-
Послужавник „арати“ по повод празникот Ракшабандан, Индија
-
Деца како му врзуваат белегзија на премиерот Нарендра Моди по повод празникот Ракшабандан во Њу Делхи, Индија
-
Празникот Холи во Махараштра, Индија
-
Традиционална јужноафриканска свадба
-
Традиционален танц во Контали, Џибути
-
Венчавање во Западна Суматра, Индонезија
-
Традиционален танц во Африка
-
Православен погреб во Русија
-
Традиционална албанска свадба
-
Давање на невестата („Кањадан“), Индија
-
Селска свадба во Јомала, Финска
-
Традиционална свадба во Ерусалим
-
Младоженец на коњ во Раџпут, Индија
-
Дедо Мраз пристига