Ризница:Вики го сака фолклорот 2022
Вики го сака фолклорот (на Мета: Wiki Loves Folklore) е меѓународен фотографски натпревар на Ризницата кој се приредува секоја година со цел документирање на народните култури во разни краишта во светот. „Вики го сака фолклорот 2022“ е продолжение на „Вики го сака фолклорот 2021“ чија тематика е народната култура. Овој проект влече корени од 2018 г., со приредувањето на „Вики ја сака љубовта 2019“ чија тема беа свечености и празници поврзани со љубовта.
Овој фотографски натпревар се задржува на народните култури од различни краишта, од категории како (но неограничувајќи се на) народни танци, народна музика, народни активности, народни игри, народна кујна, народни носии, умотворби, преданија и обичаи: епски стихотворби, приказни, басни, преданија, традиционални песни и танци, народни сценски дела, games, годишни настани, календарски обичаи, народни ракотворби, народни верувања, митологија итн. Можете да погледате некои предлози и примери на страницата „Категории“.
- I награда: $400 (американски) долари
- II награда: $200 долари
- III награда: $100 долари
- 10 утешни награди: по $10 долари
- Награда за најдобро видео и Награда за најдобра звучна снимка: по $25 долари
- Награда за најплоден подигач на слики: I награда: $100 долари, II награда $50 долари
- Разгледници „Вики го сака фолклорот“ за најплодните 100 подигачи
- Благодарници и разгледници за месните приредувачи
(Напомена: Наградите ќе се доделат во облик на вредносни картички или купони.)
- 1 февруари – 15 март 2022 г.
- Почнува: 1 февруари 2022 г. 00:01 ч. (UTC)
- Завршува: 15 март 2022 г. 23:59 ч. (UTC)
- Објавување на исходот:
25 јули 2022 г.на страницата Ризница:Вики го сака фолклорот 2022/Победници (Напомена: Објавата може да претрпи промени или да биде одложена поради пандемијата.)
Фолклор
Поткатегории
Народна култура по земја, Народна уметност, Кинеско гатање, Народни танци, Европејада, Народни празници, Фолклор, Народни игри, Гавари, Народни ансамбли, Народни волшепства, Етнолошки музеи, Народна музика, Невелинг, Народна вера, Традиционална музика, Традиционални песни, Народно борење.
Победници од 2020 и 2021 г.
Утешно наградени
Луѓе и народни активности
Народна кујна
Народни танци
Празници
Народна музика
Носии
Порнографски или непристојни слики, заштитени уметнички дела итн.
Ќе има 18 победнички слики, 1 победничко видео и 1 победничко аудио, како и 1 награда за најплодниот подигач.
Главно место за поставување прашања и давање предлози е разговорната страница (Пишете на било кој јазик; сакаме разнообразност и ќе ве услужиме во секој случај).
Од 1 февруари 2022 до 31 март 2022 г. ќе се одржи и уредувачки натпревар насловен како „Феминизмот и фолклорот 2022“. Создавајте или проширувајте статии за феминизмот, биографии на жени и родови теми за проектот, премостувајќи го родовиот јаз со задршка на народната култура. Учествувајте сега на вашиот јазик.
Ако учествувате од Нигерија или било кој друг крај од светот, би сакал да ве известиме дека корисничката група „Јорупски викимедијанци“ доделува посебна награда, покрај меѓународните. Сè што треба да направите е да подигнете вашите слики служејќи се со оваа врска.
Да напоменеме дека вашите слики и понатаму ќе бидат во меѓународна конкуренција.