Commons:Слика на годината/2015/Помош
Често поставувани прашања
Кога почнува?
- I круг почнува на 28 март 2016 и завршува на 10 април 2016
- II круг почнува на 15 мај 2016 и завршува на 28 мај 2016
Кои слики се подобни за натпреварот?
Во првиот круг за подобни се сметаат сите слики што го добиле статусот на „избрани“ во текот на 2015 г. Најгласаните слики од првиот круг влегуваат во вториот.
Дали ќе ми се важи гласот што го дадов за време на бета-пробата, ако сум подобен да гласам?
Да, доколку гласот е важечки (т.е. можеме да утврдиме за која слика сте гласале, сликата не е ставена во галеријата по грешка или со вандализам). Можете да ги погледате сите гласови што сте ги дале во вашите придонеси или пак на контролорот „Мој POTY“ во горниот десен агол во галериска страница.
Дали можам да гласам по завршувањето на периодот на гласање?
Гласовите дадени по завршетокот на периодот на гласање нема да се бројат, а страниците за гласање се замрзнуваат. Гласањето вон периодот не се казнува со блок или друга административна постапка, туку едноставно не се важи.
Каде е страницата за помош со алатката за гласање.
Се наоѓа на оваа страница. За да можете да ја користите оваа подобрена алатка за гласање, ќе мора да имате овозможено JavaScript во прелистувачот. Иако ќе направиме напори да им помогнеме да корисниците, не сме во можност да ви понудиме темелна техничка поддршка поради обемот на гласови. Тука ќе најдете напатствија за овозможување на JavaScript во прелистувачот.
Контролорот „Мој POTY“ ми вели дека сум неподобен, но јас знам дека сум.
Во ваков случај можете да преземете неколку чекори.
- Најпрвин, внимавајте сметката на Ризницата да ви е приврзана за сметката на вашето матично вики. Стиснете тука за да ги сврзете сметките »
- Стиснете на контролорот „Мој POTY“ во горниот десен агол на секоја галериска страница. Во откочникот што ќе се појави, стиснете на копчето „Провери пак“ во делот за подобност.
- Ако ова не работи, стиснете на копчето „Отстрани“ во „Мој POTY“ и превчитајте ја страницата.
- Ако и ова не работи, може да треба да ги избришете меѓускладот (кеш) и колачињата во прелистувачот. Ова се прави во нагодувањата (поставки) во прелистувачот. Побарајте во пребарувач или обратете се кај производителот за да дознаете како се чистат колачињата. Откако ќе ги избришете, системот може да ве одјави. „Мој POTY“ ќе го најдете на сите галериски страници ако во прелистувачот имате вклучено JavaScript.
Освежување на меѓускладот — Едноставни чекори |
---|
Кај највеќето прелистувачи на Windows и Linux:
Во Apple Safari:
Во Chrome за Mac:
Во Firefox за Mac:
|
Што покажуваат статистиките?
Статистиките укажуваат на трендовите, но не мора да се точни. Во нив се заведуваат и неподобните кандидати и неважечките гласови. Користете ги внимателно — се подновуваат двапати дневно, па затоа поединечните гласови не ги менуваат додека не дојде до поднова.
Како можам да гласам рачно?
- Не заборавајте дека треба да сте подобни за гласање и да сте најавени на Ризницата. Се препорачува да ги имате обединето вашите Викимедиини сметки.
- На страницата „Слика на годината“ стиснете Гласајте сега ».
- Стиснете на категорија.
- Стиснете ка копчето Инфо десно под сликата за која сакате да гласате.
- Стиснете на Список на гласови во малото отскочно прозорче.
- Стиснете на измени во делот „Гласови“
- Ставете го вашето корисничко име како другите корисници пред вас. На пример:
# [[User:Myusername|Myusername]]
- Стиснете на Зачувај страница.
Ако не го направите како што треба, ќе ви се појави порака што ќе ви каже како да гласате правилно.
Поради обемот на работа, не можеме да ви понудиме темелна техничка поддршка, но можете да погледате во поставките на вашиот прелистувач и менијата, или пак да побарате одговор на прашањето во пребарувач.
Кој го приредува натпреварот?
Погледајте ја страницата на одборот тука.
Поставете прашање
Ако имате прашање што не е одговорено погоре,