Commons:National Archives and Records Administration/mk
Главна | Категоризација | Пријавување грешки | Реставрација | |||
Проектов на: ВП · ВИ · РИЗ |
Во јули 2011, Националната управа за архиви и записи на САД (англ. National Archives and Records Administration, крат. NARA) започна со префрлање на десетици илјади податотеки на Ризницата. NARA е независна агенција на владата на САД задолжена за зачувување и документирање на управните и историски записи во земјата, постојано зголемувајќи ја достапноста на тие документи за јавноста. Организацијата е службено одговорна за чување и објавувањ на правно веродостојни и меродавни примероци на законите на Конгресот, претседателските прогласи и извршни налози, како и федералните регулативи. Овој проект има за цел да го прифати, обработи и организира ваквиот значителен обем на податотеки. Нивното подигање го врши ботот на NARA со кој управува Dominic (вид. канал за подигања). Овој потфат на Ризницата се состои од три дела: |