Ризница:Слика на годината/2023/Помош
Оди на Поставете прашање |
Често поставувани прашања (ЧПП)
Кога ќе започне?
- I круг почнува на и завршува на
- II круг почнува на и завршува на
Кои слики се подобни за натпреварот?
Сите слики со статус на Избрани слики во текот на 2023 се подобни за учество во I круг. Најпопуларните слики од тој круг ќе продолжат во II круг.
Дали ќе ми се важи гласот што го дадов за време на бета-пробата, ако сум подобен да гласам?
Да, под услов гласот да е важечки (можеме да утврдиме за која слика сте гласале, сликата не е ставена во галеријата по грешка и се нема случено вандализам или гршека). Сите ваши гласови можете да ги видите во вашите придонеси.
Дали можам да гласам по завршувањето на периодот на гласање?
Гласовите дадени по завршетокот на периодот на гласање нема да се бројат, а страниците за гласање се замрзнуваат. Гласањето вон периодот не се казнува со блок или друга административна постапка, туку едноставно не се важи.
Дали ќе има исход од натпреварот пред да заврши кругот?
Не. Не сакаме исходот да влијае врз изборот на гласачите, и така да даде непожелна предност на некои слики. Ќе ги објавиме сите гласачки статистики откако ќе заврши кругот. Можете самите да ги анализирате страниците со гласови за кандидати на каков сакате начин, но решително сме против нивно објавување пред да заврши кругот.
Кој го приредува натпреварот?
Погледајте ја страницата на Одборот.
Поставете прашање
Ако погоре не најдовте одговор на вашето прашање: