Commons:Слика на годината/2018/Правила
Jump to navigation
Jump to search
In other languages
Правила
Овие правила ги одредува одборот на „Слика на годината 2018“ и не можат да се менуваат без негово одобрение Ако имате прашања или предлози за измена, појдете на страницата за разговор. |
Гласање
Кругови
- Натпреварот има два круга.
- Во I круг учествуваат сите слики прогласени за избрани во текот на 2018 г.
- II круг ги опфаќа најгласаните 30 (+α) слики од I круг.
- Најуспешната слика ќе биде прогласена за „Слика на годината“, а другите три ќе ги заземат останатите наградени места.
Датуми
I круг
- од 3 февруари 2019, 15:00
- до 17 февруари 2019, 23:59:59
II круг
- од 3 март 2019, 15:00
- до 17 март 2019, 23:59:59
Периоди на бета-проби
- Неклку дена ќе вршиме бета-проби за да провериме дали уредбата за гласање работи правилно.
- Гласање во пробниот период — неколкуте дена пред официјалниот почеток се важечки за гласање. Ќе се бројат заедно со гласовите дадени во редовното гласање.
- Ако наидете на грешка во алатката за гласање, тогаш пријавете ја на MediaWiki talk:Gadget-EnhancedPOTY.js. Останатите проблеми пријавувајте ги на Commons talk:Picture of the Year/2018.
Подобност за гласање
- Корисникот мора да има сметка на некој Викимедиин проект регистрирана пред Tue, 01 Jan 2019 00:00:00 +0000 [UTC].
- Овој корисник мора да има направено барем 75 постоечки уредувања на било кој еден Викимедиин проект пред Tue, 01 Jan 2019 00:00:00 +0000 [UTC]. Проверете дали сте подобни со оваа алатка.
- Корисникот мора да гласа со сметка која ги задоволува горенаведените услови на Ризницата или пак на друг Викимедиин проект (кога е на друг проект, сметката мора да е приврзана за сметката на истиот корисник Ризницата преку SUL).
- Белешки
- Се гласа само од една сметка, без оглед на тоа колку сметки има корисникот.
- Гласовите дадени од IP-адреси нема да се важат.
- Гласовите дадени од неподобни корисници/сметки и дуплираните гласови што ги кршат правилата ќе бидат поништени.
- Поради големиот обем на гласови, не сме во можност да прифатиме гласови кои не ги задоволуваат условите определени од официјалната алатка за проверка на подобност.
- Може да ви се обратиме на страницата за разговор до една година по гласањето за да ви го соопштиме исходот и да ве поканиме да гласате следната година. Можете да се откажете од ова во секое време.
Правила на гласање
Во I круг — повеќе гласови — се гласа за неограничен број на слики (еден глас по слика).
Во финалниот II круг — три гласа — подобните корисници можат да гласаат за само 3 финалисти. Трите се бројат како еднакви, а за секој кандидат може да се гласа само по еднаш. Напомена: ако некој даде повеќе од три гласа, ќе се сметаат само трите најнови.
Слики
Категории
Галерии по категории | |||
---|---|---|---|
Членконоги (44) | Птици (52) | Цицачи (49) | Останати животни (16) |
Растенија и габи (74) | Луѓе и нивните активности (82) | Уметнички слики, ткаенини и хартиени ракотворби (27) | Населени места (23) |
Замоци и тврдини (24) | Верски објекти (34) | Згради и градби (64) | Вештачки осветлени отворени простори (24) |
Инфраструктура (34) | Внатрешност и детаљи (29) | Внатрешност на верски објекти (37) | Фрески, таваници и витражи (20) |
Панорамски глетки (47) | Природни глетки (102) | Води (38) | Астрономија, сателити и вселена (13) |
Карти и дијаграми (8) | Возила и пловила (34) | Скулптури (16) | Предмети, школки и разно (68) |
Видеа и анимации (3) | |||
Помош · За икониве… |
Подобност на сликите
- I круг
- Сите избрани слики од 1 јануари до 31 декември 2018 г.
- Финале
- Најгласаните 30 слики од I круг од било која категорија (самите гласови пак, не се бројат според категории)
- Ако категоријата бр. 1 и бр. 2 немаат слики од најгласаните 30, тогаш најуспешните слики од секоја таква категорија ќе влезат во финалето за да се обезбеди разновидност.
Една кандидирана слика не треба да се дисквалификува или замени без внимателна расправа, под услов да не е избришана (на пр. поднесено барање за бришење не е доволно за да ја дисквалификува.)