Commons:Слика на годината/2013/ПоракаIIколо

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2013/MessageR2 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2013/MessageR2 and have to be approved by a translation administrator.

Започна II коло од конкурсот „Слика на годината 2013“!

Слика на годината 2012: Пар пчеларки во Арјеж, Франција.

Драги викимедијанци,

Ризницата ве известува дека започна второто коло од конкрусот „Слика на годината 2013“. Годинава Ризницата го одржува осмиот конкурс, каде ги чествуваме извонредните придонеси на корисниците што учествуваат на неа. Се повикуваат корисниците на Викимедиините проекти да ги разгледаат минатогодишните (2013) избрани слики на Ризницата и да се определат за една Слика на годината.

Земаат учество стотици слики прогласени за „избрани“ од меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година. Тука спаѓаат професионални фотографии од животни и растенија, воодушевувачки панорами, реставрирани стари слики од историско значење, извонредни архитектонски знаменитости, впечатливи портрети и многу друго.

Конкурсот има две кола. Во првото гласавте за онолку слики колку што сакавте. Во финалето одат сеопшто најдобрите 30 и најпопуларната слика во секоја категорија. Во финалното коло ќе можете да гласате за само една слика — онаа што сакате да стане Слика на годината.

II коло завршува на 7 март 2014. https://commons.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Commons:Picture_of_the_Year/2013/Introduction/mk Тука дознајте повеќе и гласајте »]

Ви благодариме,
одборот за „Слика на годината“

Поракава ја добивате бидејќи гласавте на конкурсот за „Слика на годината 2013“.