Ризница:Корисници со геокод
Jump to navigation
Jump to search
Кажете ни каде приближно живеете. Вака Ризницата ќе знае кои молби за слики и снимки да ви ги упатува вам.
Моја местоположба
Стиснете на „Означи место“, па на картата довлечете го бележникот (знаменце во горниот лев агол) до местото кајшто приближно се наоѓање. Потоа прекопирајте го долуприкажаниот код во вашата корисничка страница.
Често поставувани прашања
- Што ќе прави Ризницата со оваа информација?
- Кога знаеме дека имаме доброволци што можат да прават слики и снимки, ние ќе се сообразиме во молбите и ќе ги упатуваме точно таму кајшто треба. Кога ќе се утврди дека некоја статија на Википедија нема слика, корисниците што живеат во тоа подрачје ќе добијат молба да направат.
- А приватноста?
- Ставањето геокод за местоположба е сосем доброволно. Многу корисници веќе наведуваат каде живеат (земја, град). Не се бара голема прецизност. Погл. следното прашање.
- Колку да бидам прецизен во местоположбата?
- Онолку колку што вам ви е удобно. Прецизноста зависи од тоа колку далеку сте спремни да одите за да исполните некоја молба. Положбата што ќе ја укажете треба да биде во рамките на подрачјето што ви е лесно достапно.
Поврзано
- Commons:Геокорирање — како да ставате податоци за географска местоположба во сликите
- Предупредувања од глобалната корисничка страница од МетаВикиМедија за пробивање на ICBM-адреси